Microsoft вчера ја пушти верзијата 21343 од Windows 10 Insider Preview програмата и во неа, покрај другите новини, достапни се нови икони во File Explorer. Со оглед на тоа дека File Explorer одамна нема добиено нешто ново, ова е голема промена. Што се однесува до можностите, би рекле дека има се што е потребно, освен можеби поддршка за табови.

Дел од иконите се малку променети, односно променета е нивната поставеност, но изгледот останува сличен, додека други икони се целосно редизајнирани. Па така, на пример, Recycle Bin и иконата за прикажување на дискот, изгледаат скоро исто, но наместо на страна, како до сега, тие сега се насочени да „гледаат“ на напред.

Главните икони сепак добиваат редизајн со што може да се каже дека и целиот File Explorer изгледа освежено. Desktop, Downloads, Pictures, Documents, Music и Videos имаат целосно нови икони, а според Microsoft, тие овозможуваат да може полесно да се забележи за кој папка се работи.

Промена може да се види и кај иконата за стандардни датотеки, како и папките генерално.

Покрај промената на иконите, File Explorer добива и поголем простор помеѓу редовите, а доколку на некого не му се допаѓа, ќе може да ја врати старата поставеност преку прилагодувањата.

Со оглед дека оваа новина е дел од Dev каналот, тоа значи дека нема да ја видиме во наредната верзија од Windows 10, а за овој канал обично и нема правило кога новините би станале дел од некоја официјална верзија.

Сепак, со оглед на најавите дека Windows 10 ќе добие позначајна надградба оваа година, поточно во есен, се верува дека ова е еден мал дел од таа надградба, па тогаш и може да се очекува да стане официјална.

Microsoft најави дека ќе има повеќе што да каже за наредната генерација од Windows 10 во месеците што следат, па веруваме дека до летото тие ќе излезат со посебен настан на кој ќе бидат презентирани новините.

ИЗВОРMicrosoft
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаGoogle Chrome ќе почне да го користи HTTPS протоколот како стандарден при внесување на веб страна
Следна статијаРазговор.мк – единствениот балкански стартап во првата програма за одржливост на Startup Wise Guys
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.