Иако Instagram Stories се замислени како нешто што се објавува „спонтано“, сепак со годините и големиот број на достапни ефекти и можности, Stories се користи за многу поголемо изразување. Поради тоа, не секогаш може да се објави саканата „приказна“ во моментот, па корисниците сепак мора да ја добијат саканата инспирација веднаш.

За една доволно сложена објава, логично би било да може да се доврши подоцна, односно да се зачува тоа што е направено во форма на „draft“. Ова го најави главниот на мрежата Адам Мосери преку Twitter.

Објавата е кратка и се што кажува е дека корисниците ќе го добијат тоа што го барале наскоро.

Оваа функција во основа и не бара големо објаснување. Корисниците ќе добијат можност да почнат да ја креираат својата „приказна“, па доколку сакаат да ја зачуваат и да продолжат подоцна со нејзино довршување и објава.

ИЗВОРTNW
Претходна статијаРазговор.мк – единствениот балкански стартап во првата програма за одржливост на Startup Wise Guys
Следна статијаМакедонија утре во едночасовен еколошки мрак
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.