На крајот од минатиот месец Microsoft го најави ребрендирањето на нивниот Office 365 сервис за приватните корисници. Новото име беше најавено како Microsoft 365, но во најавата имаше многу повеќе од само промена на името.

Од денес Microsoft 365 официјално го заменува Office 365 сервисот, а постојните корисници автоматски ќе бидат префрлени на новиот сервис, односно ќе им биде променето името на претплатата.

Останатите услови остануваат исти, односно достапни се два пакети, Microsoft 365 Personal и Microsoft 365 Family. Првиот пакет е наменет за еден корисник и чини 6,99 долари месечно, додека вториот пакет е за до 6 различни корисници на една претплата од 9.99 долари месечно.

За оваа недела во главно достапно е само новото име на сервисот, додека повеќето сервиси се оставени да бидат пуштени во месеците што следат, меѓу кои и Microsoft Teams верзија за приватните корисници, Money додаток за Excel, додека дел се веќе достапни како подобрувања кај PowerPoint и новиот Microsoft Editor додаток кој е еден вид конкуренција на Grammarly.

Промена во името добиваат и бизнис пакетите од Office 365 кај кои исто така условите и цените остануваат исти.

ИЗВОРWindows Central
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаFacebook ја претстави Facebook Gaming апликацијата
Следна статија3 стрип мајстори кои треба да ги следите/читате
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.