https://unsplash.com/photos/nUL9aPgGvgM

Стрипот е еден од најдобрите медиуми за забава и учење. Не знам зошто не се користи повеќе во образование – особено историја – но има страшен камбек последните 10тина години со развојот на дигитализацијата. Иако не толку од домашни автори, дури и кај нас пополека пркнува стрип-културата преку Бункер и опциите за дигитално читање. И на Смартпортал пишуваме од време на време на оваа тема, со наши препораки, осврти, и сл.

Како во секоја индустрија, и тука има одредени автори кои се разликуваат по квалитет, дисциплина (пуштаат по неколку фантастични стрипови во година) и талент. Еве 3 мајстори кои ги следам подолг период, а гарантирам дека секој љубител на стрипови не смее да ги пропушти:

  • Jeff Lemire. Џеф активно пишува стрипови од 2008 година кога го објавува Essex Country, стрип кој подоцна е номиниран за најдобрата канадска новела на декадата. Џеф е машина во последниве неколку години и го следам се што објавува. Топло ги препорачувам неговите прејаки стрипови како (1) Sweet Tooth (со една реченица, „Лудиот Макс се среќава со Бамби“), (2) Black Hammer нов свет на супер-херои со криза на идентитетот кој ќе добие и своја СФ серија наскоро и за кој ја доби престижната Eisner награда за најдобар стрип, (3) одличниот хорор Gideon Falls (кој исто ќе биде филмуван) или пак (4) СФ стрипот кој го читам неколку години веќе, Descender.
  • Matt Kindt. Ако ви се чита трилер со шпиунажа, тајни служби и меѓународна политика Mind MGMT е најверојатно најдобрата приказна што некогаш ќе ја прочитате (во било кој формат). Екстра талент за ваков тип на приказни, Кинт е автор кој ќе ви го пополни времето и цела недела во карантин ако мора да се седи.
  • Brian K. Vaughan. Брајан што и да напише, е хит серијал. Типот има добиено над десетина од најпрестижните награди во светот на стриповите. Два серијали во кои неизмерно уживав се (1) Y: The Last Man СФ стрип за пост-апокалиптичен свет во кој изумираат сите мажи освен еден дечко и (2) Paper Girls, СФ стрип за четири девојки разнесувачи на весници кои се наоѓаат во војна помеѓу две групи кои војуваат низ различни временски периоди.

п.с. Да не се разбереме погрешно, не е ова екстензивна листа на најдобри стрип креатори. Алан Мур, Нил Гајман, Франк Милер, да споменам само неколку легенди, не ги ни споменувам. Ова е чисто споделување на тројца нови супер-таленти кои не смее да се пропуштат.

Претходна статијаOffice 365 официјално ребрендиран во Microsoft 365
Следна статијаОстанете дома и управувајте со бизнис сметките преку Telekom MK апликацијата
Крипто-ентузијаст и љубител на СФ и хорор стрипови.