Новиот дизајн на веб верзијата од Gmail, кој беше пуштен на почетокот од годината, овој месец и официјално ќе стане изгледот на овој сервис од Google. Од компанијата информираа дека овој изглед на Gmail ќе стане стандардниот, а корисниците веќе нема да имаат можност да го заменат со претходниот.

Ова секако не е никаков проблем за корисниците кои со месеци го користат новиот дизајн, но секогаш има корисници на кои новите промени не им се допаѓаат, па остануваат додека можат со старите верзии.

Новиот дизајн на Gmail на веб вклучува елементи од Material дизајнот од Google, кој според нас изгледа доста подобро, а тука е и различната организација на достапните ленти од страните. Како главна новина е поставувањето на Mail, Meet, Spaces и слични апликации од компанијата на левата страна од корисничкиот интерфејс, а корисниците кои не ги користат истите може да ги исклучат.

Промените во изгледот на Gmail се одлично прикажани во видеото во продолжение.

ИЗВОРGoogle
Претходна статијаУтре Скопје ќе биде домаќин на експерти од Тик-ток, Гугл, Пејонир и други светски познати компании
Следна статијаMicrosoft ќе почне да ги брои прикачените датотеки од Outlook.com во ограничувањето на OneDrive
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.