Од пораки кои Microsoft има почнато да ги испраќа до корисниците на Outlook.com имејл сервисот, може да се дознае дека од компанијата планираат одредени промени во тоа како ќе се смета просторот кој го зафаќаат пораките.

Поточно, сите пораки кои во нив содржат прикачени датотеки, ќе почнат да се бројат кон просторот на OneDrive, па од компанијата им препорачуваат на корисниците да ако веќе ја имаат датотеката во OneDrive, да испраќаат само линк до истата.

Ова не би требало да претставува проблем за повеќето корисници, а посебно за тие кои плаќаат месечна претплата. OneDrive просторот за корисниците кои плаќаат почнува од 1 терабајт, па нагоре, што значи дека мали се шансите да се пополни целиот тој простор.

Сепак, без разлика колку и да се мали шансите за повеќето корисници да го искористат целиот простор кој го имаат, оваа информација значи дека ќе треба нешто повеќе да се внимава.

ИЗВОРPCWorld
Претходна статијаНовиот дизајн на Gmail на веб од овој месец станува единствениот достапен
Следна статијаПреклоплив iPhone направен со комбинација на делови од Motorola Razr и други iPhone модели
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.