Galaxy Fold од Samsung, иако почна со одредени проблеми и ќе треба да почекаме уште некоја верзија додека се „испеглаат“ сите „недостатоци“, а и да падне цената, сепак веруваме дека ќе биде телефонот на иднината.

Можноста да во џебот се има помал таблет компјутер кој се превиткува за да се користи како мобилен, а и лесно да го собере каде и да треба, е нешто што сигурно ќе овозможи многу подобро корисничко искуство на мобилните. Ова е само еден формат од повеќето кои ќе бидат достапни со технологијата на екрани кои се превиткуваат, а еден пример е новиот Galaxy Z Flip.

За втората генерација од Galaxy Fold веќе неколку пати се пишува, а тоа значи дека скоро сигурно е дека ќе го видиме оваа година. Според нови информации од два извори, Galaxy Fold 2 ќе биде претставен во јули, а ќе донесе и една новина која се надевавме дека ќе ја видиме кај Galaxy S20 моделите.

Galaxy Fold 2, а се најавува промена на името во Galaxy Z Fold, ќе има предна, односно селфи камера под екранот. Поради тоа уредот нема да има исечок, ниту дупка за камерата, па целиот преден простор ќе остане само за екранот.

Ваква технологија минатата година претставија Xiaomi и Oppo, но остана истата да почне да се користи од оваа година.

Овогодинешниот Galaxy Fold се очекува дополнително да ги има средено некои од проблемите кои се јавија минатата година, а најмногу се очекува дополнителниот развој на екранот со цел намалување на фалтата која се појавува на делот што се превиткува. За таа цел се остава можноста да се користи тенко стакло кај уредот, но како што можевме да видиме кај Galaxy Z Flip, тоа не значи и тргање на фалтата целосно.

ИЗВОРTNW
ИЗВОР 2Android Authority
Претходна статијаUncut Gems: Нема да гледаш понапнат филм годинава
Следна статијаНесекојдневен спој на њујоршкиот шик и иновативната технологија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.