Уредите со еластични екрани кои се превиткуваат требаше да бидат еден вид на револуција кај мобилните уреди. Уред кој се преклопува овозможува да тој може да се користи во повеќе формати, па на пример еден мобилен со стандардна големина, да се отвори и да се претвори во мал таблет компјутер, погоден за гледање на видео содржина, читање книги и слично.

Сепак, за оваа револуција изгледа ќе почекаме до идната година, а може и повеќе. Во меѓувреме Microsoft ќе настапи со своите уреди со двоен екран, но не сме сигурни дали сепак доцнат, затоа што ќе ги претстават дури на крајот од оваа година, нешто што можеби ќе беше подобро да се случеше при нивното презентирање минатата година.

Како и да е, на веќе достапните уреди со екран кој се превиткува, се јавува еден проблем, меѓу другите, а тоа е појава на мала фалта, односно видлив станува делот каде екранот се превиткува, кога истиот е отворен.

Од неколкуте достапни модели, не видовме некој да се има справено со тоа целосно, па изгледа ќе мора да се почека додека технологијата за екраните доволно напредне.

Apple има друго решение, кое може да се види од нивниот патент, додека се чека напредокот на технологијата за екраните, а тоа е поврзано со начинот на којшто екранот се превиткува. Механизмот кој се наоѓа во делот каде екранот се превиткува, вклучува дополнителни делови кои не дозволуваат двата дела од екраните да се допрат еден до друг, туку тие да останат доволно оддалечени. Со тоа делот што се превиткува не доаѓа во ситуација да биде превиткан и притиснат како парче хартија, да споредиме, а со тоа се трга и ризикот од правење на фалта.

MacRumors

Секако, ова не значи дека Apple ќе го искористи овој патент. Нема знаци досега дека некој ваков уред се планира за оваа година, дури ни iPhone 12 се најавува дека нема да има промена во својот дизајн. Тоа значи дека ваков уред од Apple би требало да очекуваме најрано идната година, а до тогаш не се знае до каде ќе отиде технологијата за екраните.

Apple се познати по своето чекање да одредена технологија биде доволно развиена пред да претстават производ со неа, па можеме барем да бидеме сигурни дека кога тие ќе претстават уред со екран кој се превиткува, тој ќе биде навистина добар за користење.

ИЗВОРMacRumors
ИЗВОР 2TechSpot
Претходна статијаA1 Македонија за припејд корисниците на мобилната телефонија
Следна статијаSamsung го претстави Galaxy Z Flip телефонот наменет за тие кои сакаат да се истакнат
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.