Microsoft го претстави Windows Terminal пред две години во Windows 10 кој дојде со отворен код и поддршка за повеќе прилагодувања и работа со Command Prompt, PowerShell, како и апликациите од Linux со помош на WSL.

Од компанијата најавија дека Windows Terminal ќе стане главното, односно стандардното искуство кога се во прашање Terminal апликациите и ќе го замени досегашниот Windows Console Host.

Ова нема да направи некоја разлика за обичните корисници кои доста од нив не ни знаат што точно се прави со овие апликации, но за програмерите и администраторите може да направи голема разлика.

Windows Terminal веќе може да се намести како стандарден емулатор за апликациите за работа со командна линија, а идната година тоа ќе стане автоматски вклучено во Windows 11. Прво ќе биде пуштено кај тест верзиите од оперативниот систем, па подоцна на сите.

Покрај тоа што Windows Terminal ќе стане стандардното искуство на Windows 11, од Microsoft најавуваат дека корисниците сега многу поедноставно ќе можат да изберат свое решение, нешто кое досега не се правеше едноставно и никогаш не овозможуваше целосно интегрирање со системот.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2Microsoft
Претходна статијаGoogle прво ќе почне да не им исплаќа плата, па потоа ќе ги отпушти вработените кои нема да се вакцинираат
Следна статијаLastPass повторно ќе стане независна компанија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.