Shutterstock.com

Раководството на Google, кое сака постепено да почне да ги враќа вработените во канцелариите, ќе бара од нив да прикачат доказ за вакцинација, во спротивно ќе бидат прво пратени на платено отсуство, кое на крајот ќе заврши со нивно отпуштање.

До оваа информација доаѓа CNBC кои го имаат видено меморандумот кој бил испратен до вработените.

Според нив, вработените имале рок до 3ти декември да прикажат доказ за нивниот статус на вакцинација. После тоа, од компанијата ќе почнат да ги бараат вработените кои не го направиле тоа, како и тие кои не се вакцинирани.

Вработените ќе имаат рок до 18ти јануари да ги почитуваат правилата за вакцинација, односно да се вакцинираат, по што ќе бидат пратени на 30 дневно платено отсуство. После овие 30 дена тие ќе бидат пратени на неплатено приватно отсуство, а по истекот на 6 месеци ќе бидат отпуштени.

Google во основа се имаат решено да ги почитуваат правилата кои требаше да бидат донесени од претседателот Бајден за задолжителна вакцинација на вработените кај компаниите кои имаат над 100 вработени, одлука која беше спречена од страна на федерален суд, а подоцна и од страна на Сенатот.

Од компанијата се однесуваат исто како да овие правила се донесени, а тие даваат поддршка за истите уште од самиот почеток.

Исклучок од правилото за вакцинација може да бидат само вработените кои ќе докажат дека не можат да се вакцинираат од здравствени или религиозни причини, како и тие кои ќе можат да работат во дел од компанијата каде не е потребно физичко присуство.

Оваа одлука дефинитивно не оди во прилог на Google кои заедно со уште неколку други ИТ компании се предмет на критики изминатите години. Присилната вакцинација на вработените, под оправдание за нивна заштита, е во најмала рака дискутабилна.

Од компанијата истакнуваат дека можноста за редовно тестирање не е решение и дека вработените ќе мора да се вакцинираат.

ИЗВОРCNBC
Претходна статијаЛетало од NASA за првпат леташе внатре во атмосферата на Сонцето
Следна статијаWindows Terminal ќе стане стандардниот емулатор за командна линија во 2022 на Windows 11
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.