Леталото, односно поточно сондата Parker Solar од NASA за првпат во историјата го „допре“ Сонцето, како што се изразуваат од агенцијата. Поточно, Parker Solar сондата успешно леташе во атмосферата на сонцето, односно горниот дел од истата кој е наречен корона.

Сондата полета од Земјата во 2018 година и во годините што следеа постепено леташе се поблиску до површината на Сонцето, за да оваа година влезе во неговата корона. Со тоа, сондата ќе може да собере повеќе информации за оваа наша најблиска ѕвезда кои не можат да се дознаат со набљудување од далечина. Примероци се земени од честичките кои ги има во короната, како и магнетните полиња.

Едно од интересните откритија или поточно кажано потврдувања на претпоставки, е Alfven делот на Сонцето. Ова е делот до кој се смета дека гравитацијата и магнетните полиња успеваат да ги задржат честичките кои излегуваат од Сонцето, по што завршува неговата атмосфера. Откриено е дека атмосферата на сонцето не е „мазна“, па истата варира на различни позиции.

„Допирањето на Сонцето од Parker Solar сондата е монументален момент за соларната наука и навистина извонреден подвиг. Не само што ова достигнување ни овозможува подлабок увид во еволуцијата на Сонцето и неговото влијание на Сончевиот систем, туку се што ќе научиме за нашата ѕвезда, исто така ќе не научи повеќе за ѕвездите во остатокот на универзумот.“ – истакна Томас Зурбухен, помошник администратор на дирекцијата за научна мисија на NASA.

ИЗВОРNASA
Претходна статијаOppo го претстави својот прв уред на преклопување кој ќе ја загрижи конкуренцијата
Следна статијаGoogle прво ќе почне да не им исплаќа плата, па потоа ќе ги отпушти вработените кои нема да се вакцинираат
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.