Уште со промената на директорот на компанијата пред неколку години, се покажа правецот во којшто ќе оди компанијата, а тука посебно се истакна промената на ставот кон Linux. Факт е дека програмерите и систем администраторите повеќе работат на оваа платформа, па одлуката да Windows 10 на некој начин се поврзе со Linux, беше прав потег.

Една од поважните алатки кои се користат од страна на администраторите се командните линии, кои на Linux се скоро и незаменливи и главниот начин на којшто се извршуваат потребните задачи.

Со поврзувањето со Linux, Windows 10 доби можност корисниците да користат Terminal апликација од Linux. Ова во основа се овозможи преку можноста за инсталација на Linux во самиот Windows 10.

На Build 2019 конференцијата која Microsoft ја одржува оваа недела тие го претставија наредниот чекор кога се во прашање командните линии со најавата на Windows Terminal.

Оваа апликација, која ќе стане достапна преку Microsoft Store од ова лето, ќе може да работи со повеќе платформи како Command Prompt, PoweShell, како и другите Linux командни линии преку WSL, односно Windows subsystem for Linux.

Windows Terminal е направен врз основа на барањата на голем број на кроисници. Оваа апликација ќе има табови, како и поддршка за повеќе прилагодувања, како бојата на табовите и слично, а тука е поддршката за emoji икони.

Повеќе информации за оваа апликација ќе има од кога ќе биде пуштена, па корисниците ќе имаат шанса да ја тестираат и да ги дадат своите коментари.

ИЗВОРMicrosoft
ИЗВОР 2Ars Technica
Претходна статијаШто може да се очекува од новиот Microsoft Edge моментално во тест фаза?
Следна статијаПочувствувајте ја супериорната брзина со Неотел
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.
0 0 votes
Article Rating
Subscribe
Notify of
guest

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments