LastPass беше еден од најпознатите менаџери на лозинки кој на корисниците им овозможува одлични функции кои редовно беа надградувани. Сепак, популарноста на овој сервис падна кога компанијата мајка, LogMeIn беше продадена на две инвестициски компании во 2020.

Оваа година од компанијата го променија бесплатниот план и направија да корисниците во основа мораат да плаќаат доколку сакаат да продолжат да го користат сервисот како дотогаш, односно на повеќе уреди, меѓу другото.

Тогаш ние ви препорачавме да се префрлите на одличниот Bitwarden кој е бесплатен и со отворен код, иако на пазарот има уште неколку одлични алтернативи.

Сега од LastPass, односно од LogMeIn, најавуваат дека LastPass ќе се издвои како посебна и независна компанија. Со оваа промена ако не друго, компанијата веќе нема да биде поврзувана со инвестициски компании и како независна ќе може да биде ценета директно по нејзината главна работа.

Со издвојувањето се најавува дека тимот ќе може да продолжи поефикасно да функционира и на корисниците да им овозможи побрзо добивање на нови функции.

По случувањата минатата и оваа година, LastPass во главно остана компанија која ја користат бизнис корисниците, па ќе видиме дали со оваа промена ќе може да бидат вратени и дел од поранешните приватни корисници.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2LastPass
Претходна статијаWindows Terminal ќе стане стандардниот емулатор за командна линија во 2022 на Windows 11
Следна статијаНамалувањето на стапката на наталитет може да ја загрози човековата цивилизација, смета Елон Маск
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.