Фото: Shutterstock.com

Според некои, не може секое мислење и совет од успешен човек во една или неколку области, да се смета како точно, само поради популарноста на тој човек. Сепак, кога неколку од најпознатите луѓе во светот имаат што да кажат на некоја тема, истото не може да не се пренесе и да не предизвика дебата.

Според Елон Маск, верувањето дека Земјата е пренаселена, односно дека има премногу луѓе, е погрешна и целосно обратното е случајот. Тој смета дека ако луѓето не почнат да имаат повеќе деца, цивилизацијата ќе се сруши.

Намалената стапка на наталитет, која продолжува да се намалува, ќе доведе до ситуација да нема доволно луѓе на планетата, а тоа може да ја загрози човековата цивилизација.

„Јас мислам дека еден од најголемите ризици за цивилизацијата е ниската стапка на наталитет и брзото нејзино намалување. А сепак, толку многу луѓе, вклучувајќи паметни луѓе, мислат дека има премногу луѓе во светот и мислат дека популацијата расте без контрола. Случајот е целосно спротивното. Видете ги бројките – ако луѓето немаат повеќе деца, цивилизацијата ќе се сруши, слушајте ме.“ – истакнува Маск.

Тој овие ставови ги истакна за време на прашања кон него за Tesla Bot. Хуманоиден робот кој го развива Tesla кој треба да функционира во одредени индустрии каде што ќе недостасуваат луѓе. Роботот треба да функционира со помош на вештачката интелигенција која компанијата ја развива за системот за автономно возење на своите автомобили.

ИЗВОРBusiness Insider
Претходна статијаLastPass повторно ќе стане независна компанија
Следна статијаConcept Pari веб камерата од Dell може да се закачи на било кој дел од мониторот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.