Огромниот пораст на популарноста на видео конференциите, од познати причини, направи да компаниите излезат со доста подобрувања на оваа активност, па и со доста интересни и креативни решенија.

Dell, кои оваа недела претставија неколку нови концепти, го претставија и Concept Pari. Се работи за веб камера која е безжична и може да е постави на било која локација на мониторот кој се користи за видео конференцијата.

Иако веб камерата може да биде поставена на посебен „док“, на класичното место над мониторот, со помош на магнети, Pari може да се постави на било кој дел од мониторот.

Целта на една ваква можност на камерата е да овозможи подобра интеракција помеѓу учесниците во конференцијата преку гледање директно во очите.

Обично учесниците гледаат во корисникот од другата страна директно во мониторот, меѓутоа поради поставеноста на камерата, тоа не излегува баш како што би било во директна интеракција во живо.

Concept Pari може да се постави и на повеќе места покрај на мониторот, па еден пример кој се прикажува при презентацијата е поставување на држач со што се овозможува снимање надолу и презентација на одреден производ.

Со оглед на тоа што мониторите не доаѓаат со вградени магнетни површини, од Dell сигурно би почнале да нудат такви за користење со Concept Pari, доколку биде пуштен во продажба.

ИЗВОРZDNet
Претходна статијаНамалувањето на стапката на наталитет може да ја загрози човековата цивилизација, смета Елон Маск
Следна статијаWindows 11 го користат 9% од корисниците на PC
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.