Фото: AdDuplex

Windows 11 уште не е достапен во својата финална верзија која ќе можат да ја инсталираат сите корисници со компатибилни уреди, но е достапен за тестирање преку Windows Insider програмата.

Според информациите од AdDuplex и покрај тоа што Windows 11 уште е во тест фаза, тој е инсталиран на голем број на компјутери, па пазарниот удел, во споредба со Windows 10, изнесува 0,9%.

Тоа значи дека Windows 11 веќе стигнува до бројка која може да се спореди со пазарниот удел на Linux, иако во овој случај говориме за две различни статистики.

Тест верзијата од Windows 11, иако уште во главно наменета за програмерите, е доволно средена и стабилна да може да се користи и за секојдневна работа, па очигледно е дека корисниците кои биле навикнати да ги инсталираат порано новите верзии од Windows 10, тоа го имаат направено сега и со новиот Windows.

За жал, Microsoft потврди дека нема да попушти кога се во прашање побарувањата кои ги има Windows 11, па овој оперативен систем ќе остане за надградба од страна на корисниците кои имаат купено компјутер некаде од 2017 година, па наваму и секако тие кои ќе купат нов компјутер.

ИЗВОРXDA Developers
Претходна статијаКако да се заштитите од сајбер-напади? Acronis Cyber Protect Cloud овозможува интегрирана сајбер-заштита со едно решение
Следна статијаЕвропа значително заостанува во 5G трката, тврди извештај на Ericsson
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.