Windows 11 официјално беше пуштен на 5ти октомври оваа година, иако со месеци претходно им беше достапен на корисниците преку Windows Insider програмата. Ова значи дека се поминати нешто повеќе од два месеци по пуштањето на новиот оперативен систем од Microsoft, па да видиме како го прифаќаат корисниците.

Според информациите од AdDuplex, кои својот извештај го темелат на 60.000 компјутери, може да се заклучи дека Windows 11 напредува со одлично темпо. Овој нов оперативен систем веќе има удел од 8,6%, како и 0,3% од корисниците во Windows Insider програмата.

Може да се каже дека 9% од PC корисниците го користат Windows 11, процент којшто на претходникот му беа потребни повеќе од 5 месеци да го достигне.

Сличноста на Windows 11 со Windows 10 придонесува за тоа корисниците полесно да го прифатат новиот Windows, а кога на тоа ќе се додадат новините како новото Старт мени, јасно е зошто корисниците полесно се одлучуваат да го користат овој систем.

На ова треба да се додаде дека одличниот процент се покажува и покрај тоа што Microsoft се одлучи да не дозволи секој да го инсталира Windows 11, односно тоа го дозволува на компјутерите кои се купени во изминатите околу 5 години, но не и постарите.

ИЗВОРWindows Central
Претходна статијаConcept Pari веб камерата од Dell може да се закачи на било кој дел од мониторот
Следна статијаА1 Македонија го лансира A1 Net Protect
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.