Познато е дека при кражба на некој уред, првата работа која се обидуваат да ја направат е целосно бришење на уредот, со цел да не може да се следи, но и да може да се продаде.

Microsoft во Windows 10X, кој треба да стане достапен најверојатно од оваа пролет, вклучува нова функција против кражби која треба да ги демотивира крадците. Се работи за заштита на делот за ресетирање на уредот, поточно делот преку кој се бришат сите податоци од него.

За да може да се направи бришење на уредот, ќе треба да се внесе лозинката од Microsoft сметката или пин бројот, па доколку тие не се знаат, нема да може да се ресетира уредот.

Ова сепак не делува дека нешто посебно ќе ги демотивира крадците, па би рекле дека е добра заштита од случајно ресетирање на уредот, а посебно од членови на семејството кои делат еден уред.

Додавањето на функции во Windows 10X е еден начин да се претпостави дали нешто може да го видиме и во стандардната верзија од Windows 10, па иако нема информации, оваа функција можеби ќе ја видиме во поголема надградба оваа есен.

ИЗВОРBleeping Computer
Претходна статијаЗона на чист воздух во суперсторот „Литература.мк“
Следна статијаSpaceX лансира рекордни 143 сателити во орбитата на Земјата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.