SpaceX

SpaceX на Елон Маск во текот на вчерашниот ден ја лансира својата Transporter-1 мисија со која со едно лансирање, однесе 143 сателити до орбитата на Земјата. Ова претставува и рекорд кога е во прашање бројот на сателити со едно лансирање.

Сателитите кои беа лансирани се од повеќе компании, како и државни институции, а дел беа и од SpaceX, поточно Starlink мисијата за овозможување на интернет, која предизвика и одредени критики.

Лансирањето на рекордниот број на сателити истакнува една предност која е карактеристична сега за сега само за SpaceX, а тоа е пониската цена од конкурентите. Од компанијата тоа го постигнуваат со развојот на својата ракета која се враќа назад на земјата, наместо да изгори во атмосферата и со тоа да не може да се искористи повторно во наредна мисија.

SpaceX

За мисијата беше користена веќе познатата Falcon 9 ракета која успешно слета назад на земјата, како и обично на платформа во океан.

SpaceX не се единствените кои овозможуваат лансирање на сателити во орбитата, но дефинитивно се покажуваат како едни од најдобрите, а посебно кога е во прашање цената. Сепак, SpaceX има и одредени „маани“ кога се споредуваат со конкуренцијата, како на пример можноста за поставување на товарот во различни орбити, односно на различна висина.

ИЗВОРForbes
Претходна статијаWindows 10X ќе има посебна заштита од бришење на уредот при негова кражба
Следна статијаПреку беџот за верификуван е-трговец ќе се прави јасна разлика помеѓу регистрирани и нерегистрирани е-трговци
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.