Суперсторот „Литература.мк“ кој е лоциран во трговскиот центар „Скопје сити мол“ и во чии рамки се наоѓаат специјално опремена книжарница и современо кафуле од неодамна e „зона на чист воздух“ како резултат на прочистувачи за воздух „Даст Фри Ер Најт“ (Dust Free – Air Knight) и „Блуер“ (Blueair).

Во ова катче на добра литература и врвно кафе воедно се запазени и протоколите за дезинфекција како и за социјално дистанцирање со цел да им се овозможи на посетителите уште побезбедно уживање. „Даст Фри Ер Најт“ (Dust Free – Air Knight) се уреди за прочистување со фотокатализатори што го користат процесот фотокаталистичка оксидација (Photocatalytic Oxidation) и коишто влијаат врз коронавирусот и гриповите, а потврда за нивниот ефект може да се најде во голем број независни истражувања меѓу кои и анализа од Универзитетот во Милано.

Во рамки на суперсторот се наоѓа и кафулето „Кафе Литература” кое претставува безбедно катче за сите посетители, благодарение на прочистувачите на воздух од брендот „Блуер“ (Blueair). Имајќи во предвид дека дишењето чист воздух го отвора умот и го оживува духот и со оглед на моменталната ситуација во која се наоѓаме, во кафе-барот покрај прочистувачите за воздух „Ер најт“ (Air Knigh), покрај секоја кафе-масичка веќе се поставени и индивидуалните уреди за чист воздух од „Блуер“ (Blueair) и се запазени протоколите за дезинфекција и безбедна дистанца за уште побезбедно уживање. Дополнително, во суперпродавница на „Литература.мк“ има и можност за купување на „Блуер“ (Blueair)  уредите за домот или за канцеларијата.

Од Литература.мк им препорачуваат на сите купувачи кои ќе ги посетат суперсторот и кафе-барот: „Посетете нè и дишете со полни гради, уживајте во добро кафе и уште подобра литература!”.

Претходна статијаХуавеј е прогласен од Gartner Peer Insights за избор на купувачите за 2020 за Центарот за податоци и „cloud“ мрежи кој доби највисоки оценки
Следна статијаWindows 10X ќе има посебна заштита од бришење на уредот при негова кражба