Уште од претставувањето на Windows 10 во 2015, Microsoft даде поголемо значење на целта која си ја имаат поставено за бројката на корисници во одреден временски период. Тогаш најавата беше дека бројката од 1 милијарда корисници ќе биде постигната за 3 години, но тоа сепак се случи за 5 години. Како главна причина за подоцнежното постигнување на целта во главно може да се препише на неуспехот на Windows 10 Mobile.

Сега, на скоро 6 години од претставувањето на Windows 10, овој оперативен систем го користат 1,3 милијарди корисници, односно системот е инсталиран на толку уреди. Windows останува оперативниот систем број 1 и покрај достапните алтернативи и критиките кои често се упатуваат кон него.

Барем дел од критиките би требало да бидат решени оваа година, поточно во втората половина, за кога се’ уште неофицијално се најавува поголема надградба на Windows 10, со подобрување на корисничкиот интерфејс и воведување на дополнителни функции.

Покрај Windows 10, Microsoft може да се пофали и со бројката на корисници на некои од другите производи. Па така, Microsoft Teams го користат 145 милиони корисници дневно, а Microsoft 365 за приватни корисници има 50 милиони претплатници.

Овие информации беа споделени за време на објавата на финансиските резултати на компанијата, а информации за повеќе производи од компанијата се достапни во продолжение.

ИЗВОРWindows Central
Претходна статијаNASA ги избра SpaceX за Artemis мисијата која ќе ги врати луѓето на Месечината после 50 години пауза
Следна статијаCTA го најави CES 2022 како настан кој повторно ќе се одржува со присуство во живо
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.