На 16-ти април NASA донесе одлука дека SpaceX ќе биде компанијата која ќе го развие леталото кое ќе се користи за повторното слетување на луѓето на Месечината после 50 години на пауза. Мисијата на Месечината од NASA е наречена Artemis и истата се планира да се случи во оваа декада.

Договорот помеѓу NASA и SpaceX изнесува 2,89 милијарди долари, а според информациите, ова е и најниската понуда од тие што биле понудени.

Делот којшто е задача на SpaceX е слетувањето на Месечината, а NASA ќе ги однесе астронаутите до орбитата на Месечината со нивна ракета и нивното Orion летало. Астронаутите кога ќе стигнат до орбитата на Месечината ќе се префрлат во леталото од SpaceX, по што ќе слетаат на површината.

Мисијата таму би требало да трае околу една недела, по што астронаутите со истите летала ќе се вратат назад на Земјата.

Иако информацијата уште не е официјално соопштена од NASA, се верува дека леталото кое ќе го користи SpaceX е Starship. Ова летало е специјално развиено за ваквите мисии, а во иднина треба и да се користи за мисија на Марс.

Starship има голема капацитет и за носење на товар, па ова е и една од главните причина поради која беше избрана компанијата SpaceX.

ИЗВОРNASA
ИЗВОР 2MIT Tech Review
Претходна статијаВрвни телефони за сечиј џеб: Samsung Galaxy A52 и Galaxy A72
Следна статијаWindows 10 ја достигна бројката од 1,3 милијарди активни уреди
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.