Паметните телефони веќе одамна престанаа да бидат уреди што ги користиме само за телефонски повици и пишување пораки. Веќе години наназад, овие уреди се наши секојдневни сопатници, без разлика дали станува збор за работа, забава, гледање разни содржини или комуникација со семејството и пријателите. Оваа пролет, компанијата Samsung Electronics реши да ги изненади корисниците ширум светот, обезбедувајќи им супериорно искуство со мобилен телефон по пристапни цени, без никакви компромиси во однос на перформансите. Моделите Samsung Galaxy A52 и Galaxy A72 се создадени за сечиј џеб, а носат врвни карактеристики што овозможуваат уживање во најмодерното мобилно искуство.

Покрај функционалноста, мобилните телефони денес ја отсликуваат и нашата естетика и личност. Одамна е поминат периодот кога на корисниците не им беше грижа како изгледа нивниот телефон. Моделите на новата Samsung Galaxy A серија имаат префинет, елегантен дизајн, кој е едноставен и софистициран, но сепак впечатлив, оставајќи силен впечаток со своите заоблени рабови, тенкиот екран и куќиштето на системот за камера. Samsung Super AMOLED дисплејот со брзина на освежување од 90Hz носи целосно непрекинато искуство со листење на екранот и гледање на различна содржина. Сега корисниците можат да пребаруваат на социјалните мрежи или да ја гледаат омилената серија и музички спотови дури и кога се надвор, без дополнителни напори и грижа за амбиенталното светло, благодарение на осветленоста на екранот од 800 нита. Покрај тоа, најсовремената Eye Care функцуија е тука за да води грижа вашите очи да не се заморуваат со тоа што автоматски го прилагодува интензитетот на бојата на околината.

Samsung Galaxy A52

Камерата денес е една од најважните ставки при купување паметен телефон. Затоа, Galaxy A52 и A72 доаѓаат со системи на камери кои ќе им овозможат на корисниците да ги снимат сите тие важни животни моменти во извонредна 4К резолуција, користејќи објектив од 64 MP, со дополнителни функции на база на вештачка интелигенција. Благодарение на 4K Video Snap опцијата, со само еден допир на екранот, може да снимате видеа и да сликате врвни фотографии од вашите омилени кадри. Тука е и новата Scene Optimizer опција, која ќе се погрижи корисниците со помош на вештачката интелигенција да добијат најдобар квалитет на фотографијата, со оптимални подесувања за дури 30 категории на фотографии и позадини, како што се храна, пејзажи и домашни миленици. Што се однесува на опкружувањето во кое се снима, нема потреба од претеран труд и размислување дали снимката ќе излезе добро поради брзите движења или тресењето на телефонот, бидејќи OIS (оптичка стабилизација на слика) се грижо фотографиите и видеата секогаш да излегуваат врвни.

Samsung Galaxy A72

Сосема е нормално за корисниците денес од паметниот телефон да очекуваат мултимедијално искуство со поврзаноста на сите фронтови, а Galaxy A52 и A72 на ова поле носат неколку можности. SmartThings апликацијата, која доаѓа со претходно инсталирана на новата А серија, се поврзува и управува со разни Galaxy уреди во домот – од таблети и Galaxy Watch паметни часовници, до Galaxy Buds слушалки. За страствените љубители на музиката, новата А серија носи одлични придобивки. Без разлика дали станува збор за заеднички тренинг дома или најнов подкаст, корисниците можат едноставно да се поврзат со своите пријатели и да ја слушаат наведената содржина заедно, благодарение на Music Share и Buds Together функциите.

Новата Galaxy A серија е сигурен избор доколку ви треба телефон што ќе трае долго време и постојано ќе нуди врвни перформанси, без разлика дали го користите за игри и гледање серии, деловна комуникација или за сурфање на интернет и поврзување со вашите најблиски.

Претходна статијаНајсовремената алатка за планирање ја поддржува најголемата 5G здравствена мрежа
Следна статијаNASA ги избра SpaceX за Artemis мисијата која ќе ги врати луѓето на Месечината после 50 години пауза