При крајот на минатиот месец, со пуштањето на 14.5 верзијата од iOS и iPadOS, дојде и најавуваната функција App Tracking Transparency. На оваа функција и претходеше објавувањето на сите информации кои ги собираат апликациите во AppStore, а сето ова Apple го промовира како желба за подобрување на приватноста на корисниците.

App Tracking Transparency им дава избор на корисниците при вклучување на некоја апликација за првпат, како и во Settings за останатите, дали сакаат да го дозволат следењето кое повеќето апликации го прават за рекламни цели. Следењето во основа се прави преку следење на активноста на корисникот на апликациите од други компании, како и на сурфањето. Потоа ова се споделува со мрежите за рекламирање со што на корисникот му се прикажуваат релевантни за него реклами.

Доколку корисникот избере дека не сака да биде следен, апликациите мора истото да го прекинат, а доколку не го направат тоа, ризикуваат да бидат тргнати од AppStore од страна на Apple.

После неколку недели од пуштањето на iOS 14.5 и ATT функцијата, излегуваат и првите статистики за тоа кој избор го прават корисниците, а резултатите не изненадуваат.

Според компанијата за аналитика Flurry, 13% од корисниците дозволуваат да бидат следени, односно 87% од корисниците се имаат решено да ја блокираат оваа активност. 5% од корисниците целосно ја имаат исклучено можноста да апликациите воопшто и ги прашаат за дозвола.

Овие бројки секојдневно се менуваат, па ова е состојбата денес. Не се очекуваат поголеми промени, а посебно не во правец на дозволува за следење.

Со оглед на огромниот број на корисници кои ги има Apple, се очекува оваа нова функција и процентите коишто ги гледаме, да направат разлика на пазарот за реклами.

ИЗВОРZDNet
Претходна статијаДелови од кинеската ракета за кои не се знаеше каде ќе паднат, безбедно паднаа во Индискиот океан
Следна статијаЕлон Маск овој викенд беше водител на Saturday Night Live и беше дел од неколку скечеви
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.