По успешното лансирање на главниот дел од тоа што треба да биде нова кинеска вселенска станица, ракетата која го носеше модулот остана во орбитата на Земјата без план за контролиран пад назад.

Ракетата Long March 5B беше оставена да кружи околу Земјата по одвојувањето од модулот за вселенската станица. Во овие ситуации обично се вклучуваат моторите на ракетите со цел контролирано враќање на Земјата, најчесто во некој од океаните.

Не е точно позната причината зошто моторите на Long March 5B не се вклучуваат, односно дали е изгубен контактот со ракетата или нешто друго. Ова доведува до неконтролиран пад на ракетата кој не овозможува точна информација каде ќе се случи падот на деловите кои нема да изгорат во процесот.

Иако ризикот беше мал да деловите паднат во населено место, сепак поради неможноста да се знае каде ќе се случи тоа, овој викенд враќањето на ракетата назад на Земјата се следеше со внимание. Поради неконтролираниот пад не можеше точно да се одредени ни времето кога може да се очекува влез во атмосферата.

Ова се случи во текот на вчерашниот ден и за среќа деловите од ракетата кои не изгореле во процесот на паѓање, паднале во Индискиот океан во близина на Малдиви.

Ова не е првпат вакво нешто да се случи со ракета од Кина, па поради тоа земјата доби критики од страна на САД, поточно од администраторот на NASA, Бил Нелсон. Тој во посебна изјава истакнува дека нациите кои имаат вселенски можности треба да го минимизираат ризикот кон луѓето и работите на Земјата при враќањето на вселенските објекти и да ја зголемат отвореноста кога се во прашање овие операции.

„Јасно е дека Кина не успева да ги исполни стандардите за одговорност поврзани со нивните вселенски остатоци.“ – истакнува Бил Нелсон.

ИЗВОРCnet
ИЗВОР 2Gizmodo
Претходна статијаSofant Technologies доби финансиска поддршка од 740 илјади фунти за сателитска и 5G технологија
Следна статијаСамо 13% од корисниците на iOS имаат дозволено да бидат следени во рекламни цели
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.