Google

Минатата недела Google го објави официјалното име на наредната верзија од нивниот мобилен оперативен систем кој досега ја носеше ознаката Q која беше на ред по минатогодишната P, односно Android Pie.

За изненадување на повеќето, наместо некој нов десерт, Google реши Android да го означи само со бројката на верзијата која е на ред, па наредната верзија од системот ќе биде наречена Android 10.

Со промената на начинот на именување, Android исто така доби и ново лого кое сега не го прикажува целото тело на андроид роботот, туку само неговата глава. Тоа е така направено и поради тоа што сега графиката ќе стои секогаш до името на оперативниот, а променет е и фонтот којшто се користи за негово именување.

Во разговор со двајца инженери од Google на нивниот редовен „podcast“, од порталот Android Police откриваат дека во компанијата постоело име на десерт кое би се користело доколку не се одлучило да се оди само со бројка.

Името на Android Q би било Android Queen Cake, а името кое се користело внатре во компанијата било Quince Tart. Според информациите, од компанијата ќе продолжат да „измислуваат“ вакви интересни имиња, но тие ќе останат само за внатрешна употреба.

Причината за менувањето на начинот на именување на системот доаѓа поради тоа што Android отсекогаш се развивал на начин без да се даде некое посебно значење на неговото брендирање. Од Google со оваа верзија сакаат тоа да го променат, па Android сега има поедноставно и јасно име, како и ново лого.

Целиот разговор со Дејв Бурк и Ден Сендлер со Android Police можете да го погледнете во продолжение.

ИЗВОРAndroid Central
ИЗВОР 2Android Police
Претходна статијаApple ќе ги претстави своите нови iPhone модели на 10-ти септември
Следна статија„Inside Bill’s Brain: Decoding Bill Gates“ е документарец во три дела којшто ќе биде достапен на Netflix од 20 септември
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.