Оваа дата веќе беше неофицијално спомената како датата кога Apple ќе го одржи нивниот стандарден есенски настан на којшто ги прикажува новите генерации од нивните iPhone телефони. Оваа дата сега е официјално потврдена и од компанијата почнаа да ги испраќаат поканите до медиумите и јавноста.

Настанот ќе се одржи во Apple Park, односно во седиштето на компанијата во Калифорнија со почеток од 19:00 часот. Настанот како и обично ќе може да се гледа во живо, меѓутоа ако остане како минатите години, нема да може да се гледа од сите прелистувачи.

iPhone XR, XS и XS Max се последните модели од минатата година кои ќе треба да ги добијат своите наследници. Се верува дека Apple ќе остане на истата бројка на модели, а ќе го задржи и нивниот стил, односно категорија.

Не се очекуваат некои значајни новини кај овие телефони. Тие би требало да добијат тројна камера на задната страна, барем кај двата посилни модели, а исто така и нова генерација од чипот којшто Apple го развива за своите уреди.

Кратко кажано, оваа година се очекува телефоните да бидат само засилени со понови компоненти, а од аспект на нови функции и нешто интересно, најверојатно ќе остане за идната година.

Претходна статијаПродолжува кампањата на Huawei за замена на екран со попуст до 50%, а денес и утре може да искористите и попуст од 1300 денари за поправки вон гарантниот рок
Следна статија„Queen Cake“ би било името на Android Q ако не се решеше за името Android 10
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.