Netflix го објави официјалниот „трејлер“ од документарецот којшто ќе се прикажува на овој стриминг сервис од 20 септември, а се однесува на животот на Бил Гејтс. Документарецот треба да биде достапен во целиот свет, што значи дека ќе може да се гледа и од кај нас од споменатата дата.

Името на документарецот е „Inside Bill’s Brain: Decoding Bill Gates“, а е направен во три дела, што значи дека може да се очекуваат доста информации и поглед во животот на еден од најбогатите и најпознати луѓе во светот.

Од видеото може да се види дека документарецот ќе биде составен од прашања кои му се поставувани од режисерот Дејвис Гугенхајм сега, а ќе има и доста стари видео снимки од разни настани, а посебно поврзани со Microsoft.

Дел од прашањата ќе бидат и такви како кој е најголемиот страв на Гејтс, на што тој одговара дека тоа е можноста неговиот мозок да престане да функционира.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.