Google го објави официјалното име на десеттата верзија од Android која досега беше наречена Android Q. Додека се мислевме кој десерт кој започнува на Q ќе биде избран како официјално име на новата верзија, Google се одлучи да го промени начинот на именување на нивниот оперативен систем.

Android Q официјално ќе биде наречен Android 10, едноставно и веќе лесно за памтење. Додатни работи покрај бројката веќе нема да се додаваат, со што корисниците веќе нема да треба да се мислат, која бројка ја означуваше овој десерт.

Ова ќе значи дека идната година ќе имаме Android 11 и така натаму, се до следната промена во именувањето на системот.

Покрај промената во начинот на именување, Google објави и променето лого на оперативниот систем.

Променет е фонтот којшто се користи и тој сега е со црна боја, наместо зелена. Покрај тоа, околу текстот сега цело време ќе биде присутна иконата од андроид, но сега истата ќе ја има само главата, наместо целото тело. Ова е очекувано со оглед на тоа што целиот андроид не би можело секогаш да се прикажува до текстот.

Бојата на главата од андроидот ќе биде зелена, меѓутоа со нешто посветла нијанса, а од Google покажаа уште неколку бои кои ќе може да се комбинираат за логото, односно не секогаш ќе мора да се има бела позадина со црн текст.

ИЗВОРGoogle
ИЗВОР 2Android Central
Претходна статијаPlay Store доби целосно нов и поедноставен дизајн
Следна статијаIntel ја прошири својата 10-та генерација на процесори со 8 нови Comet Lake процесори
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.