win-10-phone-sc

Microsoft до некаде го прикажа Windows 10 во форма за мобилните телефони на настанот кој што се одржа минатиот месец. Меѓутоа, иако се очекуваа многу повеќе информации за оперативниот систем, она што беше покажано само малку го најави правецот во кој што ќе се движи развојот за мобилните телефони.

Нов build од Technical Preview верзијата на Windows 10 за десктоп компјутерите стана достапна после настанот минатиот месец, а првата тест верзија за мобилните телефони од системот беше најавена за овој месец. Кога точно овој месец ќе биде достапна верзијата не е познато, па заинтересираните тестери останува да причекаат уште малку.

Слики, поточно screenshots од тест верзијата на Windows 10 за мобилните телефони денес беше објавена од страна на Twitter корисник. Дали се работи за вистински слики или монтажа не е познато, посебно затоа што прикажаните работи веќе беа до некаде видени на Windows 10 настанот.

Како и да е, од сликите може да се види дека центарот за нотификации сега ќе содржи три реда од кратенките за вклучување и исклучување на одредени работи, а истите ќе може да се прикажуваат сите или да се намалат во еден ред. Исто така, од сликите се гледа новиот дизајн на Settings делот од оперативниот систем кој што сега е многу поорганизиран. Уште една слика ја покажува верзијата на оперативниот систем, односно информацијата после успешното инсталирање на Windows 10 Technical Preview за мобилните телефони.

Screen Shot 2015-02-04 at 01.27.14

Друга интересна слика можеше да се види изминатата недела, која што се разбира исто така не е сигурно потврдена, а на која што може да се види нова големина на плочките на главниот екран. Плочката е зголемена да зафаќа два реда надолу, наместо на страна. Вакво нешто како можност исто така можеше да се прочита изминатата година, па не е воопшто чудно и тоа да биде вклучено во некој од наредните build-ови или финалната верзија.

Извор: VB, Windows Central

Претходна статијаНаучниците пронајдоа начин како да го рестартираат дневниот биолошки часовник кај глувците
Следна статијаДали Apple развива сопствен интернет пребарувач?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.