Иако постојат повеќе начини да се користи Google Search на уредите од Apple, тие главната соработка за пребарување ја имаат со Bing на Microsoft. Сепак, Google е убедливо број 1 кога се работи за пребарување, а неговиот бренд на многу малку места успешно му се парира, обично со некој локализиран пребарувач.

Според огласот за работно место кој што е објавен од страна на Apple на нивната страна, може да се претпостави дека тие планираат да влезат на овој пазар и да му станат конкурент на Google. Овие две компании веќе се големи конкуренти со нивните мобилни платформи, нешто за кое што Google беа обвинувани за копирање од страна на Steve Jobs.

Огласот за работното место сепак не покажува директно дека Apple работи конкретно на развој на интернет пребарувач, односно тој гласи:

Apple има потреба од технички, мотивиран и креативен програм менаџер кој што би ги менаџирал работите поврзани со платформа за пребарување која што ќе поддржува стотици милиони корисници. Играјте улога во револуционизирањето на начинот на кој што луѓето ги користат своите компјутери и мобилни уреди.

Ова може да се однесува и на развојот на пребарувачките способности на Siri и Spotlight, односно не мора да значи дека системот би бил достапен за сите корисници преку посебна веб страна.

Сепак, според одредени луѓе кои што ги следат случувањата на пазарот на пребарувачи, влегувањето на Apple на него не би било воопшто чудно, а дури и се очекува. Дефинитивно би било интересно доколку ова се покаже како вистина, а пазарот да добие уште еден конкурент кој што ќе го придвижи развојот.

Извор: TechRadar, Cult of Mac

Претходна статијаПрвите неофицијални слики од Windows 10 за мобилните, официјалното пуштање е најавено за овој месец
Следна статијаKickstarter проект од Neeo за футуристичен универзален далечински управувач
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.