За наредната верзија од One UI, која ќе биде направена на основа на Android 15, се најавува дека ќе биде најголемата надградба досега. Истата треба да донесе повеќе и очигледни промени кај корисничкиот интерфејс, а тука се и новините кои се дел од Android 15. 

Првата бета верзија за програмерите се очекуваше до крајот на минатиот месец, но истата не стана достапна. Според информациите, причината за тоа е работата на One UI 6.1.1, па овој месец може да се очекува повеќе работа на One UI 7. 

Без разлика на информациите, јасно е дека Samsung овој месец ќе мора да прикаже нешто со оглед на поминатото време и неофицијалните рокови. 

Бета верзијата од One UI 7 се очекува за до крајот на овој месец, поточно во третата недела од месецот. Тоа значи дека доста скоро може да ја очекуваме, па конечно да видиме какви се новини донесува. 

ИЗВОРAndroid Police
Претходна статијаApple изгледа ќе наплаќа за користење на Apple Intelligence, но не наскоро
Следна статијаЦилиндрични едра го враќаат стариот начин на погон на бродовите
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.