Професорот ГаЧанг Жа од University of Miami College of Engineering разви нешто што може слободно да се нарече модерни едра за бродовите. Целта на нешто вакво секако е заштеда на енергија, односно намалување на загадувањето кое доаѓа од дизел моторите кај бродовите.
Едрата на професорот се направени во форма на цилиндри кои не се движат и поместуваат, а можат да бидат спуштени доколку има потреба за бродот да може да помине под некој мост или на пристаниште.
Начинот на којшто овие цилиндри овозможуваат движење на бродовите е секако со помош на ветер, но се многу поедноставни и поефикасни од старите и огромни едра, за кои се потребни и многу повеќе луѓе за да функционираат.
Цилиндрите функционираат на основа на концепт и технологија развиени за авиоиндустријата. Во нив влегува одредена количина на воздух, по што се врши зголемување на притисокот внатре во цилиндарот, а воздухот се испушта со тој поголем притисок, со што се добива движење на бродот.
Зголемувањето на притисокот во цилиндрите е каде е лоцирана технологијата и каде се вклучени одредени делови кои се движат, но што се однесува до надворешната страна тие се фиксни.
Овие цилиндри веќе се користат кај 30 транспортни бродови од некоја проценка од 60.000 бродови во светот. Се верува дека до крајот на декадата оваа бројка ќе достигне 11.000 бродови.
Заштедата на енергија кога се користат ваквите едра достига и до 50%, а секако позната е целта на скоро сите индустрии во светот да го намалат испуштањето на гасови кои се поврзуваат со ефектот на стаклена градина.