windows-10-phones-07_story

Корисниците на Windows на компјутерите и паметните телефони, со голема радост ја дочекаа веста дека дивелоперите лесно ќе може да ги префрлат апликациите од iOS и Android на Windows 10 оперативниот систем. Сепак, ова ќе има свои ограничувања, особено во Continuum можноста, која ќе дозволи користење на паметниот телефон како целосен компјутер.

Имено, апликациите направени за конкурентните оперативни системи, нема да можат да се користат во десктоп работната околина, бидејќи не се оптимизирани за таква работа. Особено голем проблем ќе има со апликациите кои се длабоко поврзани со оперативниот систем, како оние за пораки и слично.

Поголеми пречки ќе има во префрлањето на Android апликациите, кои се длабоко поврзани со оперативниот систем на Google, а причината за ова е бидејќи Android и Windows како платформи се различни во коренот. Што значи дека би требало да видиме повеќе префрлени игри, отколку вистински, интегрални апликации, како на пример Instagram, кој е се уште во бета верзија на Windows Phone.

iOS апликациите, пак, иако нема да можат да работат со Continuum можноста, односно во десктоп работна околина, ќе можат полесно да се поврзат со оперативниот систем. За разлика од Android апликациите, тие од iOS ќе можат многу полесно да се прилагодат и на паметните телефони, компјутерите и XboX One конзолата.

Секако, можноста дивелоперите на апликации да ги префрлат своите производи без многу работа од Android или iOS на Windows 10 е добра за збогатување на пазарот со апликации, но за вистински квалитетна апликација на Windows 10, се чини дека програмерите и натаму ќе треба да ги засукаат ракавите и да програмираат во кодот на Microsoft.

Извор: Neowin

Претходна статијаЗаврши 4-тиот Стартап Викенд во Скопје
Следна статијаШто се случува со нашиот мозок кога вежбаме?