Со големото финале на 10ти мај во Иновативниот центар на Телеком се заврши 4тиот по ред Стартап Викенд Скопје. Откако беа пичувани 19 идеи на самиот почеток во петокот, на 8ми мај, со гласање беа одбрани 11, на што следеше формирање на тимови и отпочнување на нивната работа. Во петокот вечерта, се опуштивме во Телеком Тренд на Silicon Drinkabout, настанот за networking кој веруваме дека веќе добро го познавате. Во саботата, по пристигање на сите ментори, почнаа менторските сесии каде што учесниците можеа да се исконсултираат со истите, во која насока да ја развиваат нивната идеја.

Првото место го освоија Brunch Box, апликација која е наменета за бизнис луѓе, на кои кога им се јаде може да ја отворат апликација и да најдат некој кој е блиску до нив или со кој би сакале да соработуваат и да ги поканат на појадок или доцен појадок (Brunch).

Второто место го освоија Park.me, апликација каде би споделувале слободни паркинг места низ нашиот град, како и втор дел кој тие го нарекоа „AirBnb за автомобили“ каде што доколку имате слободно паркинг место во вашиот двор можете да го издавате.

Третото место го освоија Dary, апликација за споделување слики со близок круг на пријатели под еден фолдер.

Специјалната награда на Дарма Акцелераторот, ја добија Докторот, апликација која што го скенира човечкото тело со огромна прецизност и помага при лечење разни болки во грбот, ‘рбетот итн.

Во кратки црти еве од што се состоеше овој Стартап Викенд:

  • 132 посетители
  • 20 идеи
  • 11 тима
  • 19 спонзори
  • 14 ментори
  • 5 судии

 

Претходна статијаПретставен нов процесор од Русија кој заостанува неколку години зад модерните чипови
Следна статијаАпликациите од iOS и Android префрлени на Windows 10 ќе имаат ограничувања
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.