os-x-yosemite-logo

Apple вчера ја претстави финалната верзија од OS X Yosemite која што досега беше во тест фаза и достапна за програмерите. Корисниците можат да го надградат својот систем бесплатно преку Mac App Store.

Според информациите собрани од страна на AddThis, Yosemite веќе е инсталиран од страна на 2% од корисниците, што е повеќе од процентот кој што го имаше Mavericks минатата година. Претходната верзија од оперативниот систем првиот ден од нејзиното пуштање беше инсталирана на 1,2% од корисниците. Оваа информација воопшто не изненадува, а се очекува трендот да продолжи, односно поголемиот број од корисниците да ја инсталираат најновата верзија. Очекувањата се високи поради поголемиот број на промени кои што ги носи Yosemite, како што е новиот дизајн, поврзаноста со iPhone и слично.

Apple е меѓу ретките компании кои што можат да се пофалат со брза и голема прифатеност на нивните најнови верзии од оперативните системи, нешто што можеби е најслаба точка на Android.

Како корисник на некој од Mac компјутерите, сигурно се прашувате дали вашиот компјутер е компатибилен со OS X 10.10 Yosemite, односно дали ќе можете да го инсталирате. Во основа листата на компатибилност е истата како со претходната верзија, односно доколку користите некој од следните компјутери или понов, новата верзија ќе можете да ја инсталирате:

  • MacBook – Доцна 2008 Aluminum или рана 2009
  • MacBook Air – Доцна 2008
  • MacBook Pro – Средина/доцна 2007
  • Mac mini – Рана 2009
  • iMac – Средина 2007
  • Mac Pro – Рана 2008
  • Xserve – Рана 2009

Извор: ZDNet, VB

Претходна статијаArchos VR – Виртуелна реалност преку мобилните телефони за ниска цена
Следна статијаSamsung влегува во развојот на побрзата 60GHz Wi-Fi технологија
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.