Samsung најави дека развива сопствена Wi-Fi технологија која што работи на 60GHz опсег, за разлика од сега комерцијалните 2,4 и 5GHz. Оваа Wi-Fi технологија е стандардизирана од страна на WiFi Alliance со ознаката 802.11ad. Користењето на овој фреквенциски опсег овозможува постигнување на многу поголеми брзини од досегашните, па во случајот на Samsung тие би достигнале до 4,6Gbps, односно 575MB во секунда. Од компанијата истакнуваат дека со ова можете да префрлите филм со големина на фајлот од 1GB од еден на друг уред за помалку од 3 секунди.

Од Samsung тврдат дека за разлика од сега користените фреквенции, со користењето на 802.11ad ќе може да се задржи максималната брзина на стандардот преку отстранување на интерференциите на каналите без разлика од бројот на уредите кои што ја користат истата мрежа. Со тоа технологијата која што ја користи Samsung ја трга разлика помеѓу теоретските и вистинските брзини.

Сепак треба да се земе во предвид дека колку е поголема фреквенцијата која што се користи во безжичната комуникација, толку таа е поподложна на интерференции, а со тоа и послаб сигнал и послаби перформанси. Поголемата фреквенција многу лесно и сметаат ѕидовите, па дури и луѓето. Затоа оваа технологија повеќе е наменета за употреба во ситуациите кога уредите се наоѓаат во иста соба и имаат директен поглед еден спрема друг. Тоа значи дека технологијата би била добра за Internet of Things уредите, докинг станиците, аудио видео стрмиминг на содржина и слично.

Од Samsung истакнуваат дека тие успешно имаат развиено beam-forming антена со широка покриеност со што ќе се овозможи максималното ниво на квалитет и перформанси кои што може да се очекуваат од оваа технологија.

Претставувањето на комерцијални уреди со 60Ghz Wi-Fi технологија според Samsung може да се очекува постепено од идната година.

Извор: Samsung, ExtremeTech, TechRadar

Претходна статијаOS X Yosemite со подобра прифатеност од Mavericks по првиот ден. Дали можам да го инсталирам на мојот Mac ?
Следна статијаFacebook активно скенира за украдени лозинки, ве информира доколку ја најде вашата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.