Фото: Shutterstock.com

Еден од најпознатите брендови и со голема база на фанови, OnePlus, минатиот месец најави дека станува дел од исто така познатиот Oppo. Овие две кинески компании веќе беа под еден сопственик, BKK Electronics, заедно со Vivo и Realme, па сепак оваа одлука не претставува толку голема промена за компанијата.

После спојувањето и најавата дека двата брендови ќе продолжат да функционираат посебно, очекувана беше најавата од оваа недела. OnePlus објавија дека веќе нема да продолжат со посебен развој на нивниот оперативен систем OxygenOS, па кодот на истиот ќе биде интегриран во системот на Oppo, ColorOS.

Корисниците не би требало да ја забележат разликата поради тоа што се работи за заднинска промена, а за интернационална употреба, односно надвор од Кина, оперативниот систем ќе го задржи своето име. Во Кина, ColorOS ќе биде името и за уредите од OnePlus.

Новиот систем ќе почне да се употребува кај новите уреди, а ќе го добијат како надградба и дел од постарите модели. Од компанијата најавија и подолга поддршка за своите корисници кои кај најдобрите модели може да очекуваат до три нови верзии од Android за својот уред.

Од OnePlus најавуваат дека сега имаат многу повеќе ресурси и програмери од кога се споија со Oppo и корисниците можат да очекуваат почести и постабилни надградби на своите уреди.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2OnePlus
Претходна статијаWindows 11 ќе добива по една надградба годишно и подолг период на поддршка
Следна статијаIDEA LAB со 24 часовен креативен хакатон за студентите од Академијата за дигитален маркетинг на Creative Hub
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.