Новиот Windows 11 ќе добива по една надградба со нови функции годишно за разлика од двете годишни надградби кои ги добиваше Windows 10. Ова сепак нема да дојде како голема промена за корисниците поради тоа што двете годишни надградби на Windows 10 изминатите неколку години без поделени на една помала и една поголема.

Надградбата на Windows 11 ќе може да се очекува во втората половина од секоја година, односно некаде во периодот од септември од ноември.

Покрај оваа промена, Windows 11 ќе добие и подолга поддршка на секоја од годишните верзии, па наместо 18 месеци, како што е случајот за секоја верзија од Windows 10, кај Windows 11 поддршката ќе трае 24 месеци.

Кај верзиите од Windows 11 за компаниите, односно Enterprise верзиите, оваа поддршка ќе трае 36 месеци.

Од Microsoft истакнуваат дека оваа промена ја прават врз основа на информациите од корисниците кои го имаат добивано изминатите години за процесот на надградба.

Покрај оваа промена, според најавите, Windows 11 треба да дојде и со подобрен систем за надградби од кој се очекува дека функционира побрзо и постабилно, а исто така ќе се добива и информација колку време ќе трае инсталацијата на новата верзија.

ИЗВОРMicrosoft
ИЗВОР 2gHacks
Претходна статијаСкриено (Hidden) – феноменалната велшка криминалистичка серија пристигнува на Pickbox NOW
Следна статијаOnePlus ќе го интегрира својот OxygenOS со кодот на ColorOS од Oppo
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.