Screenshot 2014-09-12 12.06.45

Враќањето на Start менито го потврди Microsoft во Април оваа година на нивната Build конференција, но не најави точно за кога тоа го планираат. Сепак од тоа што можевме да го видиме до сега како информација менито ќе биде дел од наредната верзија од оперативниот систем која што сега за сега е нарекувана Windows 9.

Вчера можевме да видиме неофицијални слики од новата верзија од оперативниот систем пуштени од страна на два германски портали. Точноста на сликите се разбира не може да биде потврдена, меѓутоа се верува дека сепак се работи за вистински слики од некоја од развојните верзии од Windows. Еден од германските портали, односно WinFuture денеска излегоа со видео во кое што е прикажано новото Start мени и начинот на кој што ќе се работи со него.

Од видеото може да се види дека како што беше и најавено, менито ќе биде поделено на два дела, каде што на левата страна ќе бидат поставени како и во Windows 7 инсталираните програми на компјутерот. Десната страна е онаа која што е нова и на неа ќе бидат прикажани плочките од модерните апликации. Како што додавате повеќе плочки, така менито се проширува на десната страна.

Корисниците ќе имаат избор да го користат Start менито наместо Start екранот, меѓутоа не е јасно од видеото дали во тој случај воопшто не може да се пристапи до модерната околина. Доколку се избере да не се користи Start менито, тогаш копчето се враќа на верзијата која што моментално е достапна во Windows 8.1, односно станува Start копче кое што ве носи на Start екранот.

Сепак се работи за неофицијално видео за кое што не се знае од каде е добиено и од која фаза на развојот на системот се работи.

Извор: The Verge, WPCentral, WinFuture

Претходна статијаInternet Explorer 12: Дали Microsoft конечно ќе направи прелистувач кој што вреди да се користи?
Следна статијаСуперсонични подморници ќе патуваат од Шангај до Сан Франциско за 100 минути?
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.