По најавите дека iOS 17 ќе биде доста мала надградба, во главно насочена кон исправка на грешки и подобрување на перформансите, добро е што поновите информации покажуваат во нешто поразличен правец.

iOS 17 сега се очекува дека сепак ќе донесе неколку новини кои ќе направат надградбата да биде доста поинтересна.

Од сите неофицијални информации досега може да се направи листа од новини кои се доволно корисни и интересни за да го прават чекањето до идниот месец поголемо. Инаку, iOS 17, како и секоја година, ќе биде претставен на WWDC 2023 идниот месец на 5ти.

Една од главните новини кои се очекуваат е редизајн на контролниот центар. Овој дел одамна не е променет, па по промената на „заклучениот екран“ и центарот за известувања, време е да видиме и некои промени во овој дел.

Други новини кои се очекуваат вклучуваат и можност за промена на големината на буквите на заклучениот екран, можност за споделување на комбинациите направени на овој екран, а тука е и поставеноста на различите позадини по три во ред.

Редизајн треба да добијат и неколку од апликациите од Apple, а тоа се најавува за Apple Music, како и можноста да се гледаат стиховите на заклучениот екран, Wallet, како и на одличната Health апликација.

За Apple Health се најавува и можност да конечно дојде кај iPad уредите, а за овој дел треба да се очекуваат и неколку нови функции, како што е на пример „мерење“ на расположението на корисникот.

Полека дознаваме дека iOS 17 нема да биде до толку мала надградба, па уште ако се погодат најавите дека новините на заклучениот екран од минатата година ќе дојдат кај iPadOS, WWDC 2023 ќе биде доста интересна конференција.

ИЗВОРMacRumors
ИЗВОР 291mobiles
Претходна статијаChallenge Day – Освој стипендија за новата академска година во СЕДЦ
Следна статијаМакедонски Телеком продолжува со раст и фокус на инвестиции во новите технологии во првите три месеци на 2023 година
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.