Сивус едукативен и развоен центар го организира традиционалниот „Challenge Day“, каде најперспективните и најталентираните учесници ќе имаат можност дa добијат до 70% стипендија за академиите во различни IT области.

Настанот ќе се одржи на 06 мај, сабота, од 13 до 16 часот во просториите на едукативниот центар во Скопје и Охрид.

Пријавувањето за овој настан е бесплатно, а сите заинтересирани за учество на „Challenge Day“ треба да ја пополнат апликациската форма.

Организаторите ни пренесоа дека „СЕДЦ за овој настан обезбеди фонд од 35.000 евра и истиот ќе биде распределен помеѓу најдобрите и најталентирани учесници кои ќе го решат соодветниот предизвик.

Сhallenge Day во Охрид ќе биде тестирање за:

  • Академија за Програмирање – Охрид

Додека пак во Скопје Сhallenge Day ќе биде тестирање за:

  • Академија за Мрежи и IT Ops
  • Академија за Сајбер безбедност
  • Академија за Мануелно тестирање на софтвер и Автоматско тестирање на софтвер
  • Академија за Графички дизајн
  • Академија за Гејм дизајн
  • Академија за Веб дизајн со фронт-енд
  • Академија за Програмирање
  • Академија за Data Science
  • Академија за Дигитален маркетинг.

“Веруваме дека пристапот до квалитетно образование е вистинскиот начин да помогнеме некому трајно да ја промени и подобри својата иднина. Од тука Challenge Day за нас не е обичен ден на кој доделуваме вредносни ваучери за некоја од академиите. Тој е потсетување на нашата мисија и одговорност да менуваме животи.”- изјави Весна Иваноска, генерал менаџер на СЕДЦ.

Со цел да овозможиме едукација за секого, учеството на овој настан е бесплатно, заинтересираните треба да ја пополнат апликациската форма.

Претходна статијаНа Google I/O идната недела ќе го видиме и поевтиниот Pixel 7a
Следна статијаНовини кои се очекуваат кај iOS 17