nextbit-baton-screens

Nexbit е стартап компанија од Сан Франциско формирана од Tom Moss и Mike Chan поранешни луѓе од Google, поточно од Android проектот. Како дел од компанијата исто така се луѓе од компании како HTC, Amazon, Apple, Dropbox и слични.

Оваа компанија изминатото лето најавија дека соработуваат со Cyanogen на проект кој што ќе биде навистина „кул“. Меѓутоа тогаш не беа откриени повеќе информации, па не можеше ни да се претпостави што е тоа на кое што работат.

Оваа недела од компанијата се спремни да го претстават проектот и истиот е во фаза на тестирање од ограничена бројка на луѓе. Се работи за систем наречен Baton, кој што претставува напреден начин на искористување на облакот во работата на различни уреди. Системот е направен да работи на Android оперативниот систем, поточно на Cyanogen Mod системот кој што е меѓу најпознатите и најкористени изменети верзии од Android.

Baton на корисниците ќе им овозможи три функции, од кои што можеби најинтересната е таа која што овозможува продолжување на започнатата работа во апликација на еден уред на истата на друг уред на истото место, во истата состојба. Оваа функција е наречена Pass и овозможува продолжување на играње на игра на истото ниво, продолжување на читање на веб страна на истото место, работа на документ и слично.

Кога работите на една апликација, се што треба да направите е да го притиснете и држите копчето за мултитаскинг на уредот, по што ќе ви бидат прикажани вашите уреди на кои што можете да ја пренесете работата. Вториот уред автоматски ќе биде отклучен и соодветната апликација ќе се вклучи на истата локација, односно работа со која што ја имате оставено на првиот уред. Пренесувањето може да се прави во двата правци.

Другите функции на Baton вклучуваат синхронизирање на сите инсталирани апликации и податоци на повеќе уреди, како и можност за нивно бекапирање во облакот.

Целта на развивачите на Baton системот е да корисниците многу едноставно ја продолжуваат својата работа од еден на друг уред, без потреба од пренесување на податоците, инсталирање на апликациите, како и повторно вклучување на одредена апликација за продолжување на работата.

Baton моментално може да се тестира доколку користите Cyanogen Mod на Nexus 5, двата Nexus 7 модели и OnePlus One. Пред да биде пуштен за сите корисници на Cyanogen Mod, доколку сакате да бидете еден од луѓето кои што го тестираат системот, можете да се регистрирате за добивање на покана преку следниот линк.

 

Извор: Engadget, Nextbit

Претходна статијаОдложен летот на патнички авион поради Wi-Fi мрежа
Следна статијаOneDrive за Windows Phone со нов дизајн и поддршка за бизнис сметки
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.