Windows 11, кој моментално е достапен преку Windows Insider програмата, донесе повеќе новини во најголемата досега надградба на Windows, како што ја најавуваат од Microsoft.

Дел од новините се нов дел со „виџети“ кој може слободно да се нарече е уште една форма на „живите плочки“ од претходните верзии, но овој пат поставени во посебен дел. Исто така, Windows 11 доаѓа со нов центар за известувања, како и издвоен од центарот дел за „брзи прилагодувања“, каде се вклучува мрежата, Bluetooth конекциите и слично.

Соодветно, Windows 11 доаѓа со неколку нови кратенки за тастатурата преку кои може да се дојде до овие нови функции на оперативниот систем.

Новиот дел со виџети може да се вклучи преку посебното копче поставено на таскбарот или преку кратенката за тастатурата „Windows + W“.

Со „Windows + Z“ се прикажуваат новите Snap Layouts кои овозможуваат предефиниран избор од неколку позиции за поставување на два или повеќе прозори еден друг на екранот.

Новиот центар за известувања се отвора со кратенката „Windows + N“, а старата кратенка за отворање на центарот во Windows 10, „Windows + A“ сега се користи за прикажување на брзите прилагодувања.

Windows 11 треба да биде претставен некаде во октомври, според неофицијалните информации, а од Microsoft уште немаат точна дата, па се што кажуваат е дека може да се очекува во втората половина од оваа година.

ИЗВОРgHacks
Претходна статијаА1 Македонија го претставува „Славчо”, првиот и единствен четбот на албански јазик во регионот
Следна статијаРичард Брансон успешно го заврши првиот лет со неговата Virgin Galactic до работ на вселената
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.