ubuntu-1404-desktop-620x388

Во новата верзија Ubuntu 14.04 што треба да излезе идниот месец воведени се поголем број на нови функции барани од корисниците. Една од тие функции е можноста за минимизирање на отворените прозорци од апликациите со едноставно кликање на иконата од апликацијата која што се наоѓа на Unity лентата. Доколку апликацијата има отворено неколку прозорци, тогаш притискањето на иконата ќе го прикаже стандардниот приказ на прозорците, наместо да ги минимизира.

Ова е функција која што е барана од корисниците веќе подолг период која што од Canonical не се одлучуваа да ја воведат од кои и да е причини. Според нив воведувањето на оваа функција ќе биде еднократно, односно истата нема да биде надградувана во иднина.

Друга новост поврзана со работата со прозорите во Ubuntu исто така достапна во 14.04 верзијата е тргањето на малата рамка околу прозорите. Истата беше со големина од 1 пиксел, па можеби голем број од корисниците ја немаат ни забележано. Истата заедно со воведувањето и на antialiasing ќе овозможи почист изглед на прозорите и генерално подобрување на естетиката на оперативниот систем.

Претходна статијаФормула Е, трки со електрични автомобили
Следна статијаSony го претстави Project Morpheus, систем за виртуелна реалност за PlayStation 4
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.