formula-e

Еден од поинтересните настани кои ни престојат во 2014 година е Формула Е. Како што и самото име кажува, станува збор за трки со електрични автомобили.

Пред две години, меѓународната управа за мотоспортови (Federation Internationale de l’Automobile (FIA)) го објави својот амбициозен план за учество на електричните автомобили во трки, нешто слично како мега популарата Формула 1. Оваа година, оваа идеја станува реалност.

Електричниот автомобил кој ќе учествува на Формула Е, е Spark-Renault SRT_01Е. Spark Racing Technology заедно со McLaren, Renault, Williams, Dallara и Michelin се идејните творци за производството на овој тркачки електричен автомобил.

Тој ќе биде напојуван од огромни батерии, чија тежина е околу 200 килограми. Тие ќе бидат во можност да го напојуваат автомобилот со околу 200 kW моќност и во зависност од тоа колку брзо ќе се возат овие автомобили, батеријата би траела од неколку часа до 25 минути.

До сега Spark-Renault SRT_01E има поминато повеќе тестирања, односно со него се имаат извозено 1.000 километри, ист број на километри колку би се извозиле во една сезона. Резултатот е одличен, електричниот автомобил може да достигне максимална брзина од 225 km/h , a забрзува од 0 до 100 km/h за само 3 секунди.

Првата сезона на Формула Е ќе започне во Септември 2014 и ќе трае до Јуни 2015. Планирани се 10 рунди, каде првиот натпревар е закажан за во Пекинг, Кина на 13 Септември 2014.

formula-e-races

Ако се погледне во минатото развојот на автомобилската индустрија била поттикната од трки, па поради тоа и главниот директор на Формула Е се надева дека со ова ќе учествуваат за поголема промоција на електричните автомобили. Со се поголемото производство и заинтересираност за електрични автомобили, овие трки би значеле огромен чекор напред за автомобилската индустрија, но и за животната средина.

Претходна статијаFirefox 28 достапен за симнување
Следна статијаМинимизирање на прозорите преку клик на Unity во Ubuntu 14.04