Одбројувањето до официјалното пуштање на Windows 10 може да започне. Оперативниот систем ќе биде достапен за помалку од 10 дена, односно како што повеќето сигурно знаат, на 29-ти јули.
За развојот на системот и се што е ново пишувавме редовно до сега, па доколку сакате да се потсетите можете да ги видите достапните статии за Windows 10.
На 10 дена до пуштањето, Microsoft ја започна и кампањата која што ќе треба да го зголеми интересот за оперативниот систем во периодот што следи.
За таа цел претставени се две видеа од кои што едното прикажува 10 причини зошто треба да го надградите вашиот систем на Windows 10, додека другото е првата комерцијална реклама која што ќе се прикажува во периодот што следи.
Видеото на почетокот од оваа статија е првата реклама за Windows 10, а во продолжение можете да ги видите и 10-те причини за надградба на овој оперативен систем.
Извор: Microsoft