Со пуштањето на Windows 11 Insider Preview Build 25211, која е дел од Dev каналот, Microsoft се реши да врати една мала, но доста барана функција назад кај нивниот оперативен систем.

Се работи за можноста за вклучување на Task Manager апликацијата директно преку менито до кое се доаѓа со десен клик на „таскбарот“. Ова мени е доста намалено во споредба со претходните верзии од Windows, па сега со десен клик на таскбарот се добива само една можност, а тоа е „Taskbar Settings“.

Корисниците доста го критикуваа ова „уништување“ на менито, па сега Microsoft покажа дека точно следи што е тоа што го бараат корисниците.

Инаку, до Task Manager и сега се стига лесно, па наместо било каде на „таскбарот“, корисниците треба да притиснат со десниот клик на Старт менито, каде е достапна оваа апликација, меѓу цела листа на можности.

Исто така, секогаш е тука старата и позната команда „ctrl + alt + delete“, каде што линкот до Task Manager уште е тука.

Со оваа верзија од Windows 11 посебно се истакнува и новата можност за автоматски зачувување на сликите од екранот направени со Snipping Tool, како и можноста да се вклучи тест верзијата од новиот Outlook, која покрај десктоп апликацијата како дел од Office, ќе ја замени и Mail апликацијата која доаѓа со Windows.

Претходна статијаGoogle „размислува“ гледањето во 4К квалитет на YouTube веќе да не биде бесплатно
Следна статијаMicrosoft ја намалува разликата помеѓу десктоп и веб апликациите со нова можност
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.