После период на шпекулации, Microsoft во мај оваа година конечно ја пушти и го официјализира постоењето на нова верзија од Outlook апликацијата за Windows. Корисниците на beta верзијата од Office можеа да ја пробаат новата верзија, а за истото мораше да се има бизнис имејл сметка.

Од оваа недела достапноста се проширува на сите корисници, односно сега можат да ја користат и корисниците на „обични“ outlook.com сметки, односно Hotmail.com и Windows Live сметки.

Повторно, се работи за тест верзија, што значи дека за да ја добијат можноста да ја вклучат, корисниците мора да се во beta или Current каналите од Office Insider програмата. Како и за други досега тест новини, новиот Outlook се вклучува преку копчето кое е достапно на горниот десен дел од сегашната Outlook апликација за десктоп. По вклучувањето на копчето, апликацијата се рестартира и се вклучува новата верзија.

За жал и со оваа новина, новиот Outlook уште не доби поддршка за повеќе од една имејл сметка, што значи дека корисниците кои имаат повеќе сметки, нема да им биде баш погодено да ја користат оваа тест верзија.

Инаку, новиот Outlook вклучува целосно нов дизајн кој е доста сличен на веб верзијата од outlook.com сервисот. Апликацијата е направена на основа на оваа веб апликација, па со тоа се добива и едно унифицирано корисничко искуство без разлика од каде корисникот пристапува до неговите пораки.

Целта на Microsoft е да со тек на време новата апликација ја замена сегашната, а тоа исто така ќе важи и за Mail апликацијата која доаѓа со Windows.

За корисниците на Windows Insider програмата во периодот што следи, исто копче ќе биде достапно и кај оваа, односно Mail апликацијата, преку кое ќе можат да ја вклучат новата Outlook апликација.

ИЗВОРWindows Central
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаWhatsApp воведе приклучување кон групните повици преку линк
Следна статијаДве финалиња за македонските каратисти на Светската Универзијада
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.