Фото: Microsoft

Microsoft 365 Companions е нова функција која минатиот месец беше најавена за Windows 11. Во основа, оваа функција ќе донесе мали додатоци на долната лента од системот, како и на Старт менито. 

Еден таков „придружник“ кој беше прикажан е од Phone Link апликација и ќе се прикажува на едната страна од Старт менито, а корисниците ќе добијат многу побрз пристап до дел од функциите на апликацијата без потреба да ја отворат. 

Дополнителни Companions кои се подготвуваат се и апликации како новата тест апликација, File Search.

Апликацијата ќе биде достапна преку долната лента од Windows 11, а како што кажува и самото име, ќе овозможува корисниците да можат да ги пребаруваат нивните датотеки директно преку лентата. 

Апликацијата ќе се прикажува во формат сличен со тој на Microsoft Teams кога беше интегрирана во долната лента, а Companions се донекаде инспирирани од оваа интеграција. 

Предноста на File Search ќе биде што ќе овозможува пребарување на сите датотеки, односно не само тие на компјутерот, туку и тие зачувани во OneDrive или другите сервиси од компанијата. 

Корисниците ќе може да добиваат известувања за промената на датотеките, како и кога некоја датотеки е споделена со нив. 

Мала негативна страна на оваа апликација е што истата е направена како веб апликација, односно не е баш развиена специјално за Windows 11. 

Покрај оваа апликација, Microsoft планира пуштање и на нова People апликација, која исто така ќе функционира од долната лента на системот. Корисниците ќе имаат пристап до нивните контакти преку оваа апликација, а можат да се очекуваат и додатни можности. 

ИЗВОРPCWorld
ИЗВОР 2Windows Latest
Претходна статијаApple ќе ги одложи дел од новините кај iOS 19 поради продолжената работа на iOS 18
Следна статијаGoogle даде свои предлози за решавање на проблемот поради кои Министерството за Правда бара „растурање“ на компанијата
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.